fbpx

Производителите ги избегнуваат саемите, но тие се сѐ уште важни за купувачите

2020 година беше брутална за автомобилските салони со оглед на тоа дека пандемијата на коронавирусот откажа голем број настани и го промени календарот за следните години

Пандемијата на коронавирусот нанесе жесток удар на автомобилската индустрија во целост, а исклучок не се ниту големите автомобилски манифестации кои беа откажани, одложувани или одржани во некоја поинаква форма. Но, нивниот проблем трае веќе некое време, со оглед на тоа дека производителите почнаа да ги прескокнуваат самите салони за автомобили, а пандемијата само го забрза целиот процес.

Интересот на автомобилските производители за автомобилските саеми почна да опаѓа, со оглед на тоа дека голем број компании ставија крај на своето присуство на манифестациите. И додека иднината во моментов е неизвесна, автомобилските салони не треба да бидат отпишани во целост.

салони

Според студијата направена од страна на Салонот за автомобили во Њујорк, 628.000 домаќинства во просек присуствуваат на настанот секоја година, вклучително и 449.000 кои имаат намера за такво нешто и кои размислуваат во следните 12 месеци да се подноват со нов автомобил. Со оглед на ова, не е изненадувачки што 83 проценти од посетителите присуствувале на настаните со намера да купат автомобил.

Студијата исто така открива дека, генерално, автомобилските манифестации биле релативно стабилни во последните пет сезони. Купувачите исто така трошат повеќе време на автомобилските саеми – речиси четири и пол часа во 2019 година – и со тоа додале повеќе брендови на нивната шопинг листа како резултат на нивната посета.

салони

Саемите имаат големо влијание на купувачите

Практично, „половина од купувачите на нови возила кои присуствувале на Салонот за автомобили во Њујорк истакнале дека нивното искуство влијаело на нивната одлука за купување на ново возило“.

Претседателот на Асоцијацијата на автомобилски дилери во Њујорк истакна дека во просек 6,8 милиони домаќинства присуствуваат на локален автомобилски настан секоја година, а од нив, 4,7 милиони се на пазарот за да купат ново возило во следните 12 месеци. Марк Шајберг исто така истакна дека „ниту една друга маркетинг алатка не ги снабдува производителите со волуменот, достапноста или импактот кој го имаат автомобилските салони.

И додека манифестациите се исклучително важни за потенцијалните купувачи, не може да се негира фактот дека некои производители им даваат се помало значење. Со оглед на овој тренд, ќе биде интересно да се види како работите ќе се одвиваат кога пандемијата конечно ќе заврши.

Поврзани вести

Back to top button