fbpx

Прв поглед на новиот електричен модел на Ford

Ford ја сподели првата слика на сосема новиот електричен модел на брендот. Дизајнот на моделот кој треба да се појави во иднина е инспириран од легендата Mustang

Сликата од првиот модел е од новоформираната единица Ford Team Edison, која е создадена за развој на електрични возила за глобалните пазари на Ford. Од автомобилската марка коментираат дека Ford Team Edison има право да работи на радикално различен начин, а нивна главна задача е создавање на електрични модели.

„Корисниците на електрични автомобили веруваат во иднината и нашиот тим е 100% фокусиран не само на обезбедување на автомобили на кои тие ќе им се допаднат, но и на целокупниот електричен екосистем кој функционира без никакви проблеми“, коментира Дарен Палмер, глобален директор на развој на производот од Ford Team Edison.

https://youtu.be/cQ9JL2ZkOD4

Инспириран од Mustang целосно новиот електричен автомобил на Синиот Овал ќе стане реалност во 2020 година, а се очекува да може да помине 300 милји или 480 километри со едно понење.
Во моментов, компанијата има инвестициска политика во износ од 11 милијарди американски долари, која вклучува промоција на 16 целосно електрични возила или вкупно 40 до 2022 година.

Поврзани вести

Back to top button