fbpx

Прв поглед на BMW i4 концептот пред претставувањето во Женева

Баварскиот бренд објави кратки материјали и тизер видео за концептниот i4 кој ќе се појави на годинешниот Саем за автомобили во Женева

Гласините се испоставија како точни, BMW својата концептна верзија на i4 ќе ја претстави во Женева кон почетокот на следниот месец. Она што е уште подобро е се чини дека нема да станува збор за концепт во традиционална смисла, бидејќи примерокот кој ќе биде прикажан е мошне близок до серискиот модел.

Новиот Concept i4 е наследник и на Vision Dynamics студијата претставена во септември 2017 година, а ќе еволуира во нешто за што најдобар опис е електрична Серија 4 Gran Coupe. Од BMW објавија нови тизер прикази и видео, со кратко соопштение, но тоа не треба да зачудува, бидејќи BMW веќе објави бројни детали поврзани за серискиот i4.

Овој модел ќе биде лансиран во 2021 година, а ќе испорачува масивни 530 КС, така што баварското „купе“ со четири врати од аспект на моќноста ќе биде рамо до рамо со моделите опремени со V8 мотори. Загриженоста во врска со автономијата нема да биде проблем, бидејќи со едно полнење ќе може да мине дистанца еквивалентна на традиционалните SUS агрегати. Благодарение на пакетот батерии со капацитет од околу 80 kWh, i4 ќе може со едно полнење да мине 600 километри, иако BMW не наведува под кој циклус е изведена оваа дистанца, но веројатно станува збор за WLTP.

BMW i4 ќе се произведува во Минхен

Новиот автомобил ќе се произведува во Минхен, а спринтот од нула до „стотка“ ќе го минува за околу 4 секунди, додека максималната брзина ќе биде над 200 километри на час. Кога ќе i4 ќе остане без енергија во батеријата тешка 550 килограми, капацитетот на полнење до 150 Kw пружа можност батеријата од 0 до 80 проценти да се дополни за 35 минути, односно за само шест минути да се собере доволно енергија за преоѓање 100 километри.

Меѓутоа, пред BMW конечно да излезе со серискиот i4, iX3 ќе биде официјално лансиран оваа година. По овој тандем, следува iNext, кој ќе игра улога на електрична перјаница на баварската компанија во форма на SUV.

https://youtu.be/10zbE625cVg

Поврзани вести

Back to top button