Прва награда за новата генерација на Nissan LEAF
Новата генерација на првиот во светот масовeн 100% електричен модел- Nissan LEAF, ја доби првата меѓународна награда за време на годинешнава церемонија на Consumer Electronics Show (CES), за најиновативен нов производ за 2018 година
![Nissan LEAF](https://avtoplus.mk/wp-content/uploads/2017/11/2018-nissan-leaf-780x405.jpg)
Новиот Nissan LEAF, кој ќе биде пуштен во продажба во почетокот на следната година, пристигнува на пазарот со сосема нов дизајн и технологии, вклучувајќи и единствениот во индустријата систем за забрзување и сопирање со еден педал e-Pedal. Новата генерација на електричниот Nissan LEAF доаѓа со зголемена автономија до 378 километри со моќност на погон од 110 kW (150 КС) и 320 Nm, со можност за брзо полнење до 80% за само 40 минути. По потреба или желба од страна на идните сопственици на новиот LEAF, батеријата на електричниот може да се користи и како дополнителен извор на електрична енергија за домашно потрошувачка преку прикачување на преносната мрежа (V2G технологија).
Најважниот дел од новиот LEAF е високотехнолошкиот ProPILOT систем кој обезбедува автономно возење во една лента при возење по автопатите. Таа се активира со едно копче, тогаш тоа е во можност да го преземе управувањето, забрзувањето и намалувањето на брзината, што е одлично решение за време на долги патувања или карактеристични за американските и главните европски патишта. Во следните неколку години технологијата ProPILOT, која е дел од поголемиот комбиниран безбедносен систем на Nissan Intelligent Mobility, постојано ќе се развива и ќе се подобрува и ќе нуди сè поголемо ниво на автономија. Крајната цел е да се постигне самостојно управување во сообраќај во урбаните средини со безбедно поминување низ раскрсниците.