fbpx

Први фотки од новиот Peugeot 208

Само неколку дена пред неговата премиера на саемот во Женева, протекоа и првите официјални слики кои го откриваат надворешниот и внатрешниот дизајн на овој нов модел

На еден француски автомобилски портал деновиве протекоа слики од новиот модел на Peugeot, малиот 208. Токму пред самата негова премиера, имаме можност да се запознаеме со неговиот изглед, како и новиот дизајн на интериерот и екстериерот.

Од она што и самите може да го видиме, дизајнот е дефинитивно инспириран од моделите 508 и 3008, особено во стилските каросериски форми, како и препознатливи LED дневни дветла. Возачката кабина исто така е во стилот на поголемите браќа, со голем екран на допир во горниот дел на централниот панел, испакнати контролни копчиња во централниот и дигитален инструментен дисплеј во долниот дел на панелот.

Новиот 208 е вториот автомобил кој се базира на новата CMP платформа, која покрај тоа што нуди поголема внатрешна пространост, овозможува прифаќање и на електрична единица покрај конвенционалните бензински и дизел агрегати. Ова значи дека електричниот 208 ќе бара минимални промени во однос на стандардната верзија при приспособување на електричниот мотор, додека пак батеријата нема да зазема дополнителен простор во кабината.

Деталите околу перформансите на погонските агрегати ни се сеуште непознати, но од електричната изведба се очекува да има опсег поголем од 300 километри.  Бензинските мотори се очекува да бидат три цилиндарски придружувани од турбо компресор, со моќност од околу 100 до 150 коњски сили. Сеуште не е јасно дали Peugeot ќе понуди и дизел опции.

Она што ни е веќе најавено е дека спортската GTi изведба на новиот 208 ќе биде понудена во бензинска и во електрична варијанта, со моќност од повеќе од 200 коњски сили.

Поврзани вести

Back to top button