НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Први официјални фотографии од електричниот Taycan

По прикажувањето на нацртните скици, Porsche ги објави и првите официјални фотографии од изгледот на производната верзија на електричниот модел

Неодамна германскиот производител прикажа слики од нацртите на својот прв електричен модел, а сега тој објави и тизер фотографии од кои може за прв пат да се види изгледот на производната верзија на новиот Taycan.

Автомобилот е делумно маскиран со шарен дезен, кој има задача да задржи некои од конечните детали во тајност. Одликувајќи се со слоганот “Soul, Electrified” на предното ветробранско стакло, новиот Porsche Taycan доаѓа со предниот дел кој изгледа и се чувствува како Порше. За ова најзаслужни се фаровите кои се речиси идентични како оние кај Cayman и Boxster.

Taycan

Севкупниот дизајн се чини дека останува близок со оној на концептот, секако без драматичните детали. Производната верзија ќе доаѓа со „нормални“ врати, со рачки слични како кај најновиот 911, додека пак приклучокот за полнење е позициониран веднаш до предното лево тркало.

Производството на првиот електричен модел на Porsche ќе започне овој септември, а веќе има преку 20.000 нарачки ширум светот. Новиот Taycan на пазарот ќе е достапен во опсег од најмалку три верзии, со различни електрични мотори и спецификации на батерискиот пакет. Најмоќната изведба се очекува да понуди повеќе од 600 КС и возен опсег од 500 километри.

Најважниот дел кај овој модел е дебитирањето на новата иновативна 800-волтна технологија на Porsche, која би требало да го скрати времето на полнење и да ги подобри перформансите. Со користење на компатибилен полнач, корисниците ќе можа да добијат опсег од 400 километри со само 20 минутно полнење.

Електричниот Taycan исто така ќе биде понуден во две каросериски изведби, односно покрај стандардната ќе биде достапна и Cross Turismo верзијата.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close