fbpx

Првиот автомобил од 3D принтер во сериско производство

Хонгконгшката стартап компанија X Electric Vehicle објави дека го лансира својот прв автомобил, кој е создаден со користење на 3D печатач

Ова е електричен прототип LSEV ( low-speed electric vehicles) кој официјално ќе биде прикажан на Салонот за автомобили во Пекинг, во април. Автомобилот ќе биде достапен за продажба на кинескиот пазар во 2019 година, а подоцна и во Европа. На 3D печатачот ќе биде испечатена каросеријата и делови од автомобилот, освен шасијата, стаклото, гумите и моторот. За создавање на издржливи материјали за каросерискитепанели, производителот склучи договор со Polymaker, компанија од Шангај.

3D

Малиот градски автомобил со две седишта има автономија од 150 километри со едно полнење, а максималната брзина е 70 km/h. Неговата тежина е 450 kg. Производителот тврди дека автомобилот се склопува целосно за само три дена. LSEV ќе се произведува во Кина и неговата цена ќе изнесува 7.500 долари. Италијанците велат дека веќе добиле 7.000 пред нарачки за автомобилот од различни компании, вклучувајќи поштенски и курирски фирми.

Поврзани вести

Back to top button