fbpx

Првиот кросовер на Ferrari ќе биде хибрид

Италијанскиот модел ќе се вика Purosangue и ќе биде објавен во 2022 година

Ferrari планира да направи 15 нови модели до 2022 година, вклучувајќи хибридни спортски автомобили и кросовер автомобили, вели Autocar. Ова е вградено во ревидираните планови на компанијата, опишани како “амбициозни, но изводливи” од страна на новиот извршен директор Луис Камилери. Тие имаат за цел да обезбедат иднината на Ferrari и да ги зголемат приходите од 1 милијарда на 2 милијарди евра до 2022. Предвиден е и скок на профитот од околу 30% во моментот до 38%.

Италијанскиот производител на автомобили ќе ја подели палетата на модели на четири категории – Sport, GT, Special Series и Icona. Првата катагорија ќе ги вклучува 488 и 488 Spider, 812 Superfast како и нов спортски автомобил од средно ниво. Втората ќе вклучува спортски автомобили со четири седишта, додека во третата ќе бидат понудени модели од првите две групи, но со специјални модификации. Опсегот Icona ќе се состои од ексклузивни модели произведени во ограничено издание.

Постепено повеќето модели на Ferrari ќе бидат префрлени на хибридни мотори.

Во основата ќе легне бензински V6 кој ќе биде дополнет со електрични мотори. До 2022 година 60% од сите автомобили на италијанската марка ќе бидат опремени со вакви комбинации. Во прилог, хибрид ќе биде и првиот кросовер на Ferrari – моделот ќе се вика Purosangue (чистокрвен – од италијански јазик) и ќе се појави најверојатно во 2022 година. Автомобилите со атмосферски V12 ќе останат во гамата, но компанијата засега не открива кога ќе се појави следниот супер автомобил.

Поврзани вести

Back to top button