fbpx

Првите фотки од серискиот BMW iX3 се појавија на интернет

Првиот сериски модел на баварскиот гигант BMW кој ќе биде дел од новиот „електричен бран“ е кросоверот iX3 кој наскоро ќе пристигне на пазарот

BMW се подготвува за премиерата на својот модел iX3, кој со оглед на околностите ќе биде претставен преку дигитални канали, но во меѓувреме „протекоа“ фотографии од серискиот електричен SUV, а ако се суди според некои претходни искуства, ова значи дека моделот ќе дебитира мошне брзо.

BMW iX3

Она што е сосема извесно и не претставува никакво изненадување е дека iX3 е всушност X3 со погон на задните тркала, конвертиран во целосно електричен автомобил. Секако, сето ова веќе беше познато, бидејќи претходникот на iX3 пристигна во вид на мошне сличен концепт од октомври 2018 година. Автомобилот изгледа речиси целосно идентичен, со исклучок на тоа што електричниот автомобил се разликува во аеродинамичкиот дизајн на браниците и сините акценти кои ја нагласуваат електричната природа на возилото.

BMW iX3

Интересно е што на прв поглед ретко кој ќе успее да забележи дека станува збор за електричен автомобил. На основа на првичните бројки од BMW, електричниот SUV iX3 би требало да располага со 286 КС и батерија од 74 kW, што во теорија обезбедува автономија од 440 километри со едно полнење според WLTP стандардите, што сепак е помалку сила во однос на домашните ривали.

Од друга страна, i4 концептот ветува речиси двојно повеќе моќност, но реалноста е поинаква бидејќи iX3 не е ни предвиден да се истакнува со своите перформанси.

Поврзани вести

Back to top button