fbpx

Првите претпроизводни единици од BMW X7 подготвени

BMW објави дека првите предпроизводствени парчиња од целосно новата Х7 биле склопени во погоните во Спартанбург, во САД

На тој начин се најавува почетокот на одбројувањето до претставувањето на сериската верзија на новиот SUV предводник на брендот, на крајот на следната година. Баварската компанија коментираше дека следниот чекор до идното лансирање на BMW X7 ќе биде повеќекратни тестови во реални услови и под различни екстремни услови.

BMW X7-Ние сме горди што го произведувавме BMW X7 во Спартанбург, домот на нашите X модели. Ова е многу посебен автомобил и нашите работници со нетрпение го очекуваат следниот член на Х семејството. Заедно со BMW X7, вкупно пет модели BMW X ќе бидат склопувани во Спартанбург, коментира Кнуд Флор, директор на фабриката BMW Group Spartanburg.

Минатата година, во фабриката на BMW во САД се произведени рекордни над 411.000 автомобили, што го прави објектот најголем во мрежата на BMW Group. Околу 70% од производство е наменето за извоз во 140 земји.

Поврзани вести

Back to top button