ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Првите титаниумски тркала испечетени со 3Д-принтер

Американскиот бренд за перформансни тркала-HRE во соработка со компанијата GE Additive, ни ги претставија првите 3Д-печатени титаниумски тркала, а за таа цел го искористија екстравагантниот McLaren P1

Прототипот на ова тркало е наречен HRE3D+, а ни открива како новите технологии почнуваат да влијаат на идните дизајни на тркалата и претставуваат спој помеѓу комплексниот дизајн и напредните материјали како титаниумот. Како што е веќе познатно, 3Д печатењето стана многу популарна технологија, која се користи се повеќе во различни домени на индустријата, а всушност претставува процес на претворање на дигитален модел во физички три-димензионален објект.

Оваа технологија полека почнува да се вклопува и во производството на тркала, а тоа се должи на нејзината врвна ефикасност и прецизност. Пример за тоа е што со цел да се изработи едно алуминиумско тркало, 80% од материјалот на алуминиумскиот блок е отстранет, а додека пак со 3Д печатењето е токму спротивното, односно само 5% од вкупниот материјал се отстранува и рециклира.

Покрај ова, титаниумот претставува одличен материјал за изработка на вакви тркала. Прво тој нуди поголема специфична сила како и поголема отпорност на корозија од алуминиумот, а исто така тој претставува идеален материјал за создавање на екстремно лесни тркала. Изработката на тркала со оваа технологија, исто така им овозможува на дизајнерите да креираат без постоечките ограничувања, кои се дел од технологиите на производство на класичните тркала.

Новиот HRE3D+ концепт е изработен во пет одделни делови, кои се споени со посебен централен дел за карбонската рамка, со титаниумски сврзувачки елементи.

Дизајнот на овие тркала е уникатен, со многу бесен и остар изглед. Начинот на кој краците широко се испреплетуваат, претставува нешто што досега никогаш не сме го виделе.

HRE3D+„Ова е неверојатно возбудлив и важен проект за нас, бидејќи добиваме увид во иднината на дизајнот на тркалата“, рече претседателот на HRE, Алан Пелтие. „Работењето со тимот на AddWorks на GE Additive ни овозможи пристап до најновата технологија, како и соработка со неверојатен тим на инженери, овозможувајќи ни да ги поместите границите во рамките на дизајнот на тркала. За HRE, ова партнерство со GE Additive не придвижува кон иднината.“

Останува само да видиме дали ова е навистина иднината на ваквото производство, а во продолжение погледнете го целиот процес на изработка на овие тркала.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close