PSA сака да ги електрифицира сите бензински модели во Кина

Следната година, групацијата PSA ќе почне да нуди електрифицирани верзии на сите свои нови и освежени бензински модели

Групацијата има за цел да ги електрифицира сите бензински модели изградени од заедничкото вложување Dongfeng Peugeot Citroen Automobile во Кина. Прв на листата е целосно новиот Peugeot 2008, кој ќе излезе во продажба со целосно електрична варијанта. По него следуваат Peugeot 4008 и Citroen C5 Aircross кои во 2020 доаѓаат и со хибридни варијанти.

Целосно електричниот Peugeot 2008, се карактеризира со е-2008 ознака и се напојува со електричен мотор од 136 коњски сили кој ги погонува предните тркала, со помош на батериски пакет од 50 kWh што поддржува брзо полнење од 100 kW. Францускиот производител на автомобили ветува возен опсег од 310 километри според WLTP циклусот.

PSA

Според Dongfeng Motor Group, целокупната линија на производи на компанијата ќе има електрифицирани опции до 2023 година во Кина. Заедничкото вложување PSA-Dongfeng е основано во 1992 година како 50-50 партнерство, призведувајќи возила и за Peugeot и за Citroen. Тоа е едно од двете вакви партнерства на PSA, заедно со Changan договорот, кој се фокусира на градење на DS-бензинските возила.

Сепак, Changan PSA не беше многу успешна што се однесува до продажбата откако започна во 2011 година. Минатиот месец, групацијата PSA потврди дека ќе стави крај на ова заедничко вложување, иако производството на DS моделите ќе продолжи, но не со Changan.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close