fbpx

PSA подготви нова платформа за електрични автомобили

Француската групација PSA планира да ја замени актуелната платформа со нова специјална архитектура наменета исклучиво за електрични автомобили

PSA групацијата ја користеше e-CMP платформата како база за голем број електрични изданија на веќе постоечките модели како Peugeot 208 и 2008, Citroen C4, Opel Mookka и Corsa, но промените се неопходни и новата архитектура ќе биде наменета за имплементација кај возилата со поголеми габарити, односно во C и D сегментот.

Така, од 2023 година, PSA на располагање ќе ја има новата e-VMP платформа која ќе биде темелот за сите нови генерации на електрични модели. Новата платформа ќе може да содржи батерии кои ќе имаат капацитет до 100 kWh. Според францускиот производител, новата e-VMP платформа ќе има минимална автономија од 400 километри односно максимална од 650 километри според WLTP.

PSA

„Со оваа e-VMP платформа, групацијата PSA уште еднаш ја демонстрира способноста за иновација. Сето тоа, преку развој за своите пристапни технологии благодарение на штедливоста која овозможи значително намалување во истражувањето и развојот и индустриските инвестиции. Оваа глобална платформа ќе овозможи да се понуди широк опсег на возила кои имаат целосна почит за околината. Притоа пресретнувајќи ги менливите очекувања на нашите купувачи и гарантирајќи возачко задоволство и безбедност. Тоа се вредностите кои се темелот на репутацијата на PSA денес“, изјави шефот на одделението за истражување и развој на PSA групацијата, Николас Морел.

Благодарение на оваа платформа, PSA во новиот бран на електрични возила ќе ги пласира и електричните варијанти на Peugeot 3008. Но, и други поголеми возила на француската групација. Новата платформа која е наменета за електрични модели дели голем број компоненти со конвенционалната EMP2 архитектура. Тоа овозможи значително пониски трошоци за развој. Инаку, новата платформа ќе овозможува примена на погон само на предните тркала или на двете осовини. Вкупната достапна моќност би требало да изнесува 340 КС за варијантата со погон на сите четири тркала.

Првиот модел кој ќе ја користи e-VMP архитектурата ќе биде електричното издание на новата генерација на Peugeot 3008. Овој автомобил би требало да пристигне на пазарот во 2023 година.

Поврзани вести

Back to top button