fbpx

PSA продава 42% повеќе благодарение на Opel

Францускиот производител на автомобили PSA објави рекорден раст на продажбата за првите четири месеци од годинава

Продажбата на автомобили се зголеми за 42%, а главната заслуга за овој раст е Opel-Vauxhall, кој е дел од PSA.

Иако овој раст во продажбата, прометот не ги достигна прогнозите на аналитичарите од Inquiry Financial, кои најавија дека ќе бидат остварени 18,35 милијарди евра, сепак во француската Групација треба да бидат задоволни со оствареното. Peugeot и Citroen одамна се на патот на позитивните остварувања, а во тој правец полека „вози“ и Opel-Vauxhall.
PSA

Инаку, за првите четири мрсеци приходот кај РЅА изнесува 10,21 милијарди евра, а кај Opel-Vauxhall – 4,84 милијарди евра. До крајот на годината PSA очекува раст од 10% во Русија, во Латинска Америка 4%, во Кина 2% и стабилна позиција во Европа.

PSA

Поврзани вести

Back to top button