fbpx

И PSA се залага за моќен европски производител на батерии

Францускиот автомобилски гигант PSA се залага за идејата дека Европа треба да има свој главен производител на батерии за електрични автомобили и хибриди

Ова беше истакнато од страна на шефот на компанијата, Карлос Таварес, пред француските пратеници. Европската комисија се обидува да создаде сојуз помеѓу автомобилски и хемиски компании, кои заедно треба да формираат главен производител на батерии, со цел да инвестираат во европската економија. Некои европски производители на автомобили, веќе прават батерии, но за жал нема компанија за големо производство на акумулатори за електричните возила на Стариот континент.

Во моментов, во овој индустриски сектор доминираат азиските компании: кинескиот CATL и корејските LG Chem и Samsung.

производител на батерииНаскоро нив треба да им се придружи и Tesla со својата Giga фабрика со навистина огромни производствени капацитети. Затоа, Европската инвестициона банка веќе одобри финансирање од 52,5 милиони евра за шведската компанија Northvolt, која планира да изгради фабрика за батерии во ова скандинавска земја.

Во јануари, шефoт на Renault, Карлос Гон, потенцира дека компанијата би можела да купи батерии од европски снабдувач, додека би постоел. Во моментов Renault купува батерии за своите електрични модели од LG Chem, но Гон експлицитно наведе дека Корејците немаат ексклузивност во снабдувањето на компанијата. Неговата идеја во целост сега ја подржува и PSA, која навестува исто така високи дострели на ова поле во блиска иднина. Французите веќе развиваат неколку свои модели кои наскоро треба да ги видиме во нивната гама.

Поврзани вести

Back to top button