fbpx

Quantum не се откажува, нова понуда за Lamborghini

Швајцарската групација Quantum Group не се откажува од намерата да ја откупи италијанската марка Lamborghini од Volkswagen групацијата

Volkswagen групацијата, поточно Audi, неодамна доби богата понуда за да ја продаде италијанската марка Lamborghini на швајцарската инвестициска група Quantum Group. Првичната понуда на швајцарскиот конзорциум изнесуваше 7,5 милијарди евра, но VW експресно реагираше и ја одби понудата, истакнувајќи дека брендот не е на продажба.

Но, Quantum не се откажува од своите намери и ќе ја засили својата понуда за дополнителни 1 до 2 милијарди евра за да ги покрие инвестициите и гаранциите за работните места во Lamborghini.

„Нашата понуда се уште е валидна. На крајот на краиштата, ние внимателно ја согледавме и размисливме нашата одлука за да го купиме Lamborghini, а концептот и понудата се подложни на промена доколку има желба за преговори – без оглед на тоа дали се инвестиции, гаранции или цената за откуп. Сметаме дека првата понуда е фер, тоа е валуација која е нормална за луксузните брендови“, изјави основачкиот партнер на Quantum Group Реа Старк за Auto News.

Она што е особено интересно за понудата на Quantum Group е фактот дека Реа Старк исто така е еден од коосновачите на Piech Automotive. Оваа компанија го претстави Piech Mark Zero GT електричниот автомобил во 2019 година и ги вклучува директорите Антон Пих и поранешниот претседател на Porsche и VW Матијас Милер.

Како дел од оваа понуда, Quantum истакна дека сака да воспостави договор за снабдување со Audi во следните пет години и да ја споделува интелектуалната сопственост. Исто така истакнаа дека ќе основаат и напреден автомобилски иновациски центар во Германија кој ќе произведува батериски ќелии и пакувања.

Поврзани вести

Back to top button