НАСЛОВНАТЕХНОЛОГИЈА

Quattroruote ја награди најиноватинвата технологија за 2019 година

По втор пат на наградувањето на Quattroruote се избира Q Global Tech Award, односно се доделува награда за најиновативна технологија во автомобилската индустрија

За оваа награда гласаа и партнерите на Quattroruote, меѓу кои сме и ние од Авто Плус. Останати земји каде Quattroruote има свои партнери се Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Бразил, Индиа, Романија, Србија, Словенија, Тајланд, Унгарија, Русија и Грција.

QuattroruoteПрестижната награда беше доделена на системот Mbux информативниот систем на Mercedes Benz во кој се вклучени два екрани од по 10 инчи на кои се гледаат сите информации за возилото. Првиот е екран на допир и се наоѓа на средина на возилото, а на истиот може да се работи со гласовни команди со извикување Hey Mercedes. Вториот екран е оној пред возачот каде се презентираат информации за возилото, а се регулира преку командите на воланот.

Наградата беше доделена од страна на Софија Бордоне, CEO на Editoriale Domus, заедно со Џан Лука Пелегрини, главен и одгворен уредник на Quattroruote и Фортис Раисис, уредник на Quattroruote Грција. Истата ја прими претседателот и CEO на Mercedes Benz Italia, Радек Јелинек.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close