fbpx

Работниците на Fiat Chrysler Automobiles Serbia на платено отсуство до 1-ви октомври

Производството во фабриката на Fiat Chrysler Automobiles Serbia во Крагуевац од денес па до 1-ви октомври ќе биде паузирано

Ќе се продолжи со производство на Fiat 500L после 1-ви октомври, а дотогаш работниците ќе бидат на платено отсуство. Причина за овој чекор е усогласувањето на производството со побарувачката.

„Информирани сме дека денес ја завршуваме првата смена, втората нема да работи и одиме на нова пауза, односно платено отсуство, до 1 октомври, кога работниците ќе се вратат на работа во фабриката“, рече претседателот на Независниот синдикат Зоран Марковиќ.

Fiat Chrysler Automobiles Serbia

Новата пауза за работниците следи по неполни три недели откако се вратени на работа по колективен одмор. Според изјавата на претседателот на синдикатот, во оваа фабрика во септемрви месец, во две смени се произведени вкупно 416 автомобили.

Поврзани вести

Back to top button