ЗАБАВАНАСЛОВНА

Range Rover Evoque останува без верзија со 3 врати

Jaguar Land Rover го стопира производството на верзијата на Range Rover Evoque со три врати поради слабата побарувачка

Продажбата на оваа верзија на кросоверот достигна само 5% од вкупниот пласман на моделот на пазарите ширум светот. Инаку, според бројките ова е еден од најбарните модели на брендот на глобално ниво, семејството на Evoque останува само со верзијата со 5 врати, која е најбарана и конвертибилна.
На есенскиот салон за автомобили во Париз ќе дебитира новата генерација на Range Rover Evoque, која ќе биде изградена врз модернизирана верзија на платформата на сегашниот модел. Моделот ќе добие Ingenium агрегати од 150 до 300 коњски сили и хибридна верзија со електричниот систем од 48 волти.

Од британската компанија најавуваат дека наскоро ќе следат повеќе детали за новината, а комплетно претставување сепак ќе следи на штандот во Париз.

Range Rover Evoque

Клучни зборови

Поврзани вести

Close