НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Нов Range Rover Evoque се тестира на Нурбургринг

Jaguar Land Rover се подготвува да ја покаже новата генерација на Range Rover Evoque

Маскираниот прототип на автомобилот беше забележан за време на тестот во Нурбургринг. Иако покриен со камуфлажа, може да се нагледаат некои црти од дизајнот на Evoque. Предните елементи се комплетно нови. Може да се препознае ликот на Land Rover. Светлосните групи се добро скриени, но и кај нив се препознаваат разликите.

Луѓето кои се подобро запознаени со брендот веруваат дека новиот Evoque во голема мера ќе личи на Range Rover Velar.

Evoque

Има интересни промени и во внатрешноста на кросоверот. Прво воочливо е дигиталната инструмент табла. Самиот автомобил е на старата платформа, која е малку ревидирана за да се постигне поголема ширина и подолго меѓуоскино растојание. Според информациите кои можеат да се најдат на интернет просторот, новиот Evoque исто така ќе добие хибридна модификација со 1.5 литарски бензински мотор. Кросоверот, кој е закажан за следната година, ќе биде достапен само со 5-врати.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close