fbpx

ТЕСТ Rаnge Rover Evoque: Брусење на скапоцениот камен

Со резлизирани над 520.000 единици во текот на пет години од лансирањето на ова остварување на Land Rover неосомнено ова е најпродаваниот модел на брендот во историјата

Со резлизирани над 520.000 единици во текот на пет години од лансирањето на ова остварување на Land Rover неосомнено ова е најпродаваниот модел на брендот во историјата. Ова бесценето остварување од британската автомобилска ризница неодамна имаше задолжително „пеглање“, со кое уште повеќе ги заинтересира клиентите, а освен со дизајнерски модификации пристигнува со пакет на нови технологии, мотори и системи.

Кога се појави пред пет години Range Rover Evoque, желбата на Британците беше да создадат свој нов имиџ со брендот во еден за нив неоткриен свет, нов сегмент, кој почнуваше да освојува, посебно Европа. Замислата беше моделот да настапи со еден поинаков стајлинг од она што до тој момент го диктираше брендот, да се отстапи од конзервативноста, да се наметне сосем нешто ново, конвенционално, модерно, атрактивно… За таа цел беше ангажирана во маркетиншката кампања Викторија Бекам, која во тоа време заедно со својот сопруг, фудбалската ѕвезда Дејвид, претставуваа олицетворение на модерно семејство во Западниот свет. Ефектот од настапот на Range Rover Evoque беше запрепастувачки. За брзо време ова стана модерна светска икона, за што зборуваат и оние над половина милион продадени единици. Конвенционалниот пристап почна да се применува и кај другите модели, па со оглед на тоа какoв успех има Land Rover во поседниве неколку години на светските пазари, се покажа повеќе од прифатлив. Обновениот Range Rover Evoque од неодамна е во понудата на македонскиот импортер Премиум Ауто Центрум, а ние имавме чест меѓу првите да ја испробаме верзијата со новиот 2.0 Inginium дизел мотор, нам веќе добро познат од Jaguar XE, со верзија од 150 КС и ниво на опременост SE со деветстепен автоматски менувач.

Дури и пет години по премиерата, Evoque продолжува да изгледа како концепт со регистарски број. Но, модата постојано се менува, што едноставно им наметна на дизајнерите на Land Rover да се усогласат со современите трендови, па освежувањето беше задолжително. Иако, сметаме дека Evoque е како безвременска машина и уште долго ќе наметнува свои стандарди во модните трендови, Британците сметаа дека беа неизнежни ситни козметички промени во одделни детали, кога станува збор за екстериерот, па затоа и тие тешко се забележуваат. Најзабележливата промена е поврзана со двата нови дизајна на маската. Стандардната решетка на Evoque се одликува со две хоризонтални линии и нов дезен од фина мрежа. Подинамичките верзии се со хексагоналнен дизајн на маската, а мрежата дава соодветно поагресивен стајлинг на овие модели. Зголемувањето на всмукувачите за воздух исто наметна поспортски карактер на моделот. Верзијата на Evoque ЅЕ, која ја имавме на тест е со предни Bi-Xenon фарови кои обезбедуваат врвна видливост ноќе, а тука е и новиот дезен на магленките. Клиентите можат да избираат меѓу повеќе опции со нов дизајн фелни, а во нашиов случај на располагање беа 18”алуминиумски тркала со 7 краци Стил 706.

Range Rover Evoque продолжува со модерниот и елегантен дизајн и внатре. Комбинацијата на кожа и во две бои му дава посебен аристократски амбиент на ентериерот. И овде во целост се прати филозофијата на брендот, каде во преден план се функционалноста и ергономичноста, па има одредени промени на иструменталната табла и централната конзола. Палетата од подобрувања во моделот Evoque вклучува серија на нови функции за погодност, а целосна новина е информациско-забавен систем, опремен со 8-инчен InControlTM Touch екран на допир, кој обезбедува интуитивно искуство. Тој нуди лесни за индексирање менија и им овозможува на корисниците да ги пребарувате функциите исто како на smartphone. Во нашата опција имаше аудио со шест звучници, надградена сателитска навигација користејќи SD-картичка, како DAB, Sirius и HD Radio во регионите каде што овие функции се достапни. Седиштата се исто така модифиоцирани, во тестниот модел постоеше опција за нивно регулирање во осум правци, па нудат далеку поголем комфор што може да се почуствува при подолго време минато во автомобилот, иако станува збора за кросоверска верзија и покрута суспензија.

Вистинска новина, со која во целост е отфрлена Фордовата зависност е дволитарскиот четирицилиндерски мотор кој располага со две верзии на моќност од 150 и 180 коњски сили. Првиот Ingenium мотор во линијата е 2.0 со моќ од 150 КС, што го имавме во тестниот модел. Чистото согорување, променливото време на работа на издувните вентили и софистициран емисија на гасови, осигуруваат третман во склад со Euro 6 стандардите. Располага со малку поголем вртежен момент во однос на актуелната германска конкуренција- 380 Nm и покажува малку поголема агресивност во однос на нив. Работи мошне тивко, лесната слабост под 1.500 вртежи во минута речиси целосно се компензира со прецизната работа на автоматската трансмисија со хидрауличен конвертор на вртежниот момент. Во случајов станува збор за автоматски менувач со девет степени на пренос. Range Rover Evoque е првиот автомобил во светот со ваква трансмисија развиена заедно со концернот ZF. Таа е една од најмодерните технолошки трансмисии во моментов во автомобилскиот свет. Со овој 9-степен менувач не се чувствува менувањето на брзините, турбото работи без никакви „дупки“, а и оние 150 „коњи“ се сосема доволни, за во било која ситуација. Значи треба да се навикнеш на новиот дизел мотор и внимателно да ја оценувате патната ситуација пред да правите маневри со тешкиот кросовер од 1.674 килограми, кој забрзува од место до 100 km/ h за 10 секунди, а максималната брзина е 180 km/h. На крајот секако треба да напоменеме дека го преземавме автомобилот со само 300 поминати километри и борд компјутерот покажуваше просечна потрошувачка од 8,5 литри на 100 изминати километри, што е далеку од декларираните.

Во оптимални режими на работа автомобилот забрзува самоуверено и сосема тивко. Потпирањето со индивидуализираните амортизери се справува многу добро со секаков вид нерамнини. Што се однесува до чувството од моќноста на моторот, таа секогаш е доволна да ве поттикне да згазите на педалата за гас. Па, единствено избирате режим Sport, што значи поспортски стил на возење понекогаш почнува да реагира грубо – во такви услови се препорачале употребата на лостовите зад управувачот, кој станува поцврст, менувачот побрз, а потпирањето покруто. Овој автомобил се одликува со оптимална дистрибуција на тежината помеѓу двете оски, па прецизноста е рафинирана, на моменти и совршено точна. Доколку се одлучите за авантура надвор од асфалтот, го вклучувате режимот за таа цел кој електронски бира по каков терен управувате, а тука е подобрениот Terrain Response, адаптивен систем на суспензија со постојан погон на сите тркала. Секако своја улога за оваа намена играат Hill Descend Control – системот кој го контролира спуштњето по надолнини и Roll Stability Control – состав кој жироскопски ги споредува работата на управувачот и навалувањето на каросеријата и со кочење на соодветно тркало спречува превртување на возилото. Ќе се изненадите од патното однесување на овој Evoque. Тоа е совршено за возачот, но и за сопатниците.

Во Премиум Ауто Центрум вака подготвената верзија чини 57.900 евра. Се разбира има можности за многу опции и повисоки нивоа на опременост. Со оглед што ова е еден од најпосакуваните кросовери на планетава од премиум сегментот, не е наше да коментираме, но по сè изгледа за она што го нуди цената е прифатлива.

Технички податоци за Rаnge Rover Eveque SE 2.0 TD4 150 4WD Automatic

мотор Euro VI, дизел, четиритактен, четирицилиндерски, водено ладен, сместен напред напречно
работна зафатнина 1.999 cm3
пречник и од 83,0×92,4 mm
степен на компресија 15,5:1
напојување две брегасти оски во главата, четири вентили по цилиндар со променливи фази на работа, директно вбризгување со Common-rail систем и  интеркулер
максимална моќ 150 KС (110 kW) при 4.000 min-1
макс. вртежен момент 380 Nm при 1.750 min-1
трансмисија на сите четири тркала преку 9-степен автоматски менувач
потпирање напред Мекферсонови нозе, попречни рамења, стабилизатор, назад мултилинк оска, спирални пружини, стабилизатор
сопирачки напред самовентилирачки дискови, назад дискови, ABS, EBD, BAS, VSC
пневматици 235/60 R18 107V
каросерија кросовер со пет врати, пет седишта
должина х ширина х висина 4.370×1.985×1.635 mm
меѓуоскино растојание 2.660 mm
траги (напред/назад) 1.621/1.628 mm
тежина 1.674 kg
максимална тежина 2.235 kg
багажник 575 dm3
резервоар 54 литри
максимална брзина 180 km/h
забрзување 0-100 km/h 10,0 секунди
потрошувачка (отворен пат/град/просек) 6,1/ 4,5/ 5,1 l/100 km
емисија на CO2 134 g/km

Повеќе информации во Премиум Ауто Центрум тел: 02 6159 800

Поврзани вести

Back to top button