fbpx

Дрејк со специјален накит за својот Rolls

Популарниот рапер сака луксузни автомобили, а со својата најновата аквизиција се надмина и самиот себе

Rolls-Royce веќе повеќе од половина век припаѓа во самиот врв на класата суперлуксузни автомобили. Посебното чувство при возењето и луксузот отсекогаш им биле привлечни на богатите купувачи како Дрејк можат да си дозволат ваков автомобил.

И покрај раскошот кој го нуди овој бренд, некои сметаат дека Rolls-Royce автомобилите треба да се доработат и да стават свој печат. Меѓу нив особено се истакнува компанијата Mansory, која не се двоуми да ги руши сите табуа во авто-индустријата. А притоа се мошне талентирани за она што некои би го прогласиле за невкусно.

Верзијата за која тука станува збор е дури една од подобрите кои досега се направени. Не „боде во очи“, а притоа до некаде се вклопува во високиот стил на брендот. Раперот Дрејк се одлучи за Rolls-Royce Phantom во издание на Mansory кое го носи името Bushukan според специфичната боја на тропското овошје. А тој автомобил со двобоен екстериер и изобилие од луксуз во кабината, има и нов орнамент.

Имено, славната статуетка „Дух на екстаза“ која се наоѓа на врвот од маската на ладилникот е заменета со статуетка од був изработена од чисто злато. Наместо очи има дијаманти, и тоа со импресивна големина. И подножјето на статуетката е изработено од злато со изгравирано име на раперот и исто така украсено со дијаманти.

Бувот на Дрејк го замени „Духот на екстазата“

Со тоа, симболот кој го следи Дрејк, доби почесно место на автомобилот. Се претпоставува дека златната статуетка на бувот е поскапа и од самиот автомобил.

Вреди да се напомене и тоа дека овој автомобил е поставен на 24-инчни тркала, а под хаубата се наоѓа стандардниот 6.75-литарски V12, сега засилен на околу 610 коњски сили. Кога во кариерата ќе продадете преку 170 милиони албуми, веројатно можете да си дозволите и вакви екстравагантни потези. Но, сепак, можеби и оригиналниот модел би бил доволен.

Поврзани вести

Back to top button