fbpx

Редизајнираниот Hyundai i30 се симна од производните ленти

Во фабриката на корејскиот производител во чешкиот град Носовице започна производството на освежениот модел со ознаката Hyundai i30

Фабричкиот погон во Чешка Репбулика е клучната локација на Hyundai кога станува збор за моделот i30, бидејќи е во состојба на годишно ниво да произведе 300.000 примероци на овој автомобил. Производствените капацитети се направени и подесени токму за производството на претставникот на Hyundai во европскиот C сегмент.

Почнувајќи од ноември 2008 година, во оваа фабрика се произведени повеќе од милион примероци на моделот Hyundai i30. Притоа, фабриката од градот Носовице е единствената производствена локација која е надлежна за монтажа на сите верзии на овој модел, односно хечбек, лифтбек, караван и перформансната N модификација. Инаку, хечбек варијантите се произведуваат и во Јужна Кореа и Алжир, а во чешката фабрика ги произведуваат уште и кросоверот Tuscon и електричниот Hyundai Kona од март годинава.

Треба да се истакне дека i30 по редизајнот, доби некои нови стилски детали, помодерен инфозабавен систем со збогатена понуда на системот за електронска асистенција на возачот. Ревидирана е и палетата на мотори, па така некогашната влезна верзија, односно 1,4-литарскиот бензински атмосферец со 100 КС, е заменет со сличен мотор со 10 КС повеќе. Во таа прилика, заменета е и четирицилиндричната турбо единица со 1.4 Т-GDi која произведува 140 КС. Сега се нуди термален мотор 1.5 T-GDi (160 КС), кој со доплата може да биде испорачан и како лесен хибрид.

Hyundai i30

Поврзани вести

Back to top button