ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Рекорден април за Škoda

Škoda Auto објави дека за прв пат во историјата на брендот, продажбата на месечна основа ја мина границата од 100.000 единици.

Реализацијата на брендот на глобално ниво во април достигна ниво од 107.100 единици, што претставува подобрување од 10,1% во споредба со истиот период минатата година.

Škoda„Со најдобрата продажба за април во целата историја на марката, Škoda продолжува да ја испишува својата импресивна приказна на континуран раст”, коментираат од брендот.

„Овој пораст на побарувачката на нашите автомобили докажува дека се наоѓаме во одлична позиција со нашата актуелна гама на пазарот. Најважните модели за зголемениот интерес се атрактивните SUV остварувања. Kodiaq и Karoq се пазарен хит, а со неодамна претставената Кamiq, наменета за најголемиот маркет-Кина, се проширува палетата на SUV семејството и тоа е можност за уште повредни постигнувања.”

Од Škoda евидентираа раст во продажбата во Западна Европа за 5,1%, или пласирани 43.200 единици, а најголем пазар останува Германија, каде е забележан раст од 8,9%, или 15.700 единици, потоа 23,2% во Франција со 23,2% Италија со 14,5%, Шпанија со 21!%… Во Централна Европа, Škoda има намалување во реализацијата од 3,5%, или 18.000 единици, а во Источна Европа се регистрира скок од 21,1%.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close