НАСЛОВНАСПОРТ

Шампионот Ожие до трет триумф сезонава

Себастијан Ожие возеше маестрално на последните две тркачки фази од рели етапата по патиштата на Корзика и ја оствари својата трета победа од четирите круга од сезонава во Светскиот рели шампионатот, со тимот на Ford

Во вкупниот пласман, тој сега води со 17 поени предност пред Тери Невил од Hyundai, кој беше трет.

Французинот надополни приближно една третина од предноста на Од Танак на Toyota во завршната фаза. Естонецот имаше една фазна победа и предност по вториот ден, но сепак на крајот се радуваше Ожие, а Танак беше втор. Главниот противник на Ожие во генералниот пласман, Тиери Невил со Hyundai беше трет, а зад него остана клубскиот колега Дани Сордо.

Ожие

Есапека Лапи со втората Toyota имаше пех, му пукна гума и загуби три минути, со што ги пропушти шансите за подиум. Тој остана шести зад пилотот на Ford, Елфин Еванс, но за сметка на тоа ги освои петте бонус поени од последниот специјален посебен испит. Третиот Hyundai ја освои седмата позиција, благодарение на Андреас Микелсен.

Рели-ветеранот Себастијан Лоеб со Citroen ја заврши својата втора трка за 2018-та со четири поени, откако заврши со второ најдобро време во последната фаза. Неговиот резултат не беше воопшто лош овој викенд, но несреќата на почетокот на трката го лиши од нешто повеќе. Дополнителни три, два и еден поен на специјалецот зедоа Ожие, Крис Мик и Танак.

Ожие

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close