Renault го претстави редизајнираниот Talisman

Renault со освежувањето на најрепрезентативниот модел кој ќе пристигне во две каросериски варијанти очекува и понатаму да остане конкурентен во D сегментот

Претставеникот на Renault во D сегментот мина низ третман на освежување кој вклучува нови каросериски детали, новодизајнирани фелни, доизработена внатрешност и унапредени системи за асистенција на возачот. Како што можеше да се очекува по примерот на неодамна обновените Espace и Megane, така ниту Talisman за моделската 2020 година не претрпе некои поголеми визуелни измени. Каросеријата на Talisman сега се одликува со редизајнирана маска на ладилникот, повеќе хромирани детали и нова графика во куќиштата на задните LED светла.

Тука се и неколкуте нови бои, а редизајнирани се и фелните кои во зависност од пакетот на опрема се нудат во распон од 17 до 19 инчи. На купувачите сега како опција им се нудат и предни Matrix LED светла со интегриран покажувач на насока кои нудат 50 проценти подобро осветлување на патиштата во однос на претходните решенија. Она што треба да се напомене е дека Renault Talisman ќе пристигне во две каросериски варијанти, а тоа се лимузинска и караванска верзија.

Talisman

Кога станува збор за внатрешноста, најголемата новина се однесува на воведувањето на новата 10,25-инчна адаптивна дигитална инструментална табла која е во стандардната опрема од пакетот Intens, а со новите бои на материјалите за облога на управувачот може да се смета и на неколку унапредени системи за асистенција. За луксузниот Talisman Initiale Paris е предвиден и Nappa кожни пакети како предни седишта со греење, вентилација и масажа.

Renault Talisman со богата опрема во внатрешноста

Исто така, како дел од опремата се нуди и системот за одржување на возилото во сообраќајната лента, адаптивен темпомат, систем за предупредување на возило во мртов агол, систем за препознавање на сообраќајните знаци, систем за автоматско кочење и детекција на пешаци, помош при паркирање, и така натаму.

Talisman

Редизајнираниот Talisman се напојува со добропознатите турбо-бензински и турбо-дизелски четирицилиндрични мотори. Електрификација, спротивно на трендот, засега нема. Основата на бензинските мотори ја сочинуваат 1,3-литарскиот мотор кој развива 160 КС и 270 Nm највисок вртежен момент, а тука е и значително посилната 1,8-литарска опција со 225 KS и 300 Nm. Двата мотори се комбинирани со автоматски менувач.

За љубителите на дизелските погонски опции тука е 1,7-литарскиот четирицилиндричен мотор кој може да се добие со две нивоа на моќност, 120 или 150 КС, а посилниот 2,0-литарски турбо-дизелски четирицилиндричен мотор кој е комбиниран со автоматски менувач се нуди со 160 и 200 КС.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close