ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Renault инвестира милијарда евра во Франција

Renault најави амбициозни планови, кои ја поставуваат Франција во центарот на стратешкиот план на компанијата-Drive The Future, со инвестиција од над милијарда евра, наменети за развој и производство на електрични автомобили во земјата

Предвидените средства ќе бидат употребени во неколку главни сегменти- воведување на нова платформа за електрични автомобили во фабриката во Дуе, удвојување на производството на ZOE во Флин, зголемување за три пати на производството на електрични мотори и воведувањето во производство на целосно нов агрегат во Клеон и инвестиција во новата генерација на Kangoo, вклучувајќи го и електричното Kangoo ZE во Мобаж.

Renault

– Нашата инвестиција во Франција за електричните автомобили ќе ја зголеми конкурентноста и атрактивноста на домашните комплекси, потенцираше Карлос Гон, претседател и извршен директор на Renault.

-Во рамката на стратешкиот план Drive the Future и со Алијансата,  Renault добива средствата да ја задржи лидерската позиција на пазарот на електрични автомобили и да продолжи да развива нови одржливи решенија за мобилност за сите.

Алијансата е светски лидер на пазарот на електрични автомобили, а Renault е доминантна на европскиот пазар. Со раст од 38% при електрични во Европа и 44% зголемување на побарувачката на ZOE минатата година, групата држи пазарен удел од 23,8%.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close