Renault ќе лансира европска верзија на City K-ZE

Renault најави дека планира да произведе нова верзија на електричниот City K-ZE наменета специјално за европскиот пазар

На овогодинешниот саем на Шангај во април, француската компанија го претстави City K-ZE како мал електричен кросовер кој ќе се продава исклучиво во Кина. Сега, Renault откри дека возилото ќе биде прилагодено и за европскиот пазар, со тоа што допрва треба да се открие какви точно промени ќе претрпи моделот.

„Специјална верзија на K-ZE ќе дојде во Европа“, изјави првиот човек за е-возила на Renault.

Потпретседателот на продажба на Renault, Оливие Мургуе, верува дека City K-ZE ќе се покаже како популарен модел низ цела Европа, особено затоа што е идеален автомобил за „car sharing“.

Она што се очекува, е дека европската верзија ќе има мноштво подобрени безбедносни карактеристики, а покрај тоа постои шанса производителот да го зголеми и електричниот опсег од 200 километри. Кинескиот модел располага со електричен мотор кој испорачува 44 КС и 119 Nm вртежен момент, при што до 60 km/h забрзува за седум секунди и достигнува максимална брзина од 104 km/h.

Поврзани вести

Back to top button