fbpx

Renault ќе претстави два електрични кросовери до 2022

Renault планира двете свои следни електрични возила да бидат кросовери или SUV модели базирани на CMF-EV платформата и да бидат пласирани на пазарот до 2022 година

Првиот модел ќе биде SUV со димензиите на Rеnault Kadjar, а и вториот ќе има слична форма бидејќи целта на Renault е што е можно повеќе да го искористи трендот кој владее на пазарот, односно популарноста на кросовер и SUV моделите кај купувачите. Шефот на одделот на Renault за електрични автомобили Жил Норманд тврди дека новите модели ќе бидат кросовери или SUV, а не хечбек варијанти, меѓутоа, додаде дека мораат да бидат поаеродинамични од „обичниот автомобил од овој тип“.

„Во светот на електрични возила сме навистина чувствителни на отпорот на воздух и аеродинамичност. Сакаме да имаме автономија на движење од 550 километри“, изјави Норманд.

Новата CMF-EV платформа на Renault-Nissan-Mitsubishi алијансата која ја користи и концептот Morphoz кој може да го менува својот облик, овозможува промена на ширината, висината и должината, но е ограничена на компактни возила и возила од средна величина. Најновиот Renault Zoe има автономија од 383 километри, а Normand смета дека поголемите електрични возила треба да имаат поголем домет, односно до 550 километри.

Renault и Dacia до 2022 година заедно ќе нудат осум електрични автомобили, во главно мали возила како што се моделите Zoe, Rеnault Twizy и престојниот Dacia Spring. Тандемот на Renault од C или некој поголем сегмент ќе биде попрактичен и ќе има поголема автономија на движење.

Поврзани вести

Back to top button