ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Renault-Nissan-Mitsubishi број 1 според продажбата за 2017

Најголем производител на автомобили за 2017 година е алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi, бидејќи нивниот пласман е подобар од Volkswagen Group, која беше на првото место по оствареното во 2016 година, објави Automotive News Europe

Вкупната продажба на Renault-Nissan-Mitsubishi изнесува 10,61 милиони нови автомобили. Nissan Motor во вкупната бројка учествува со пласман на 5,82 милиони, Renault со 3,6 милиони и Mitsubishi со 1,03 милиони единици. Останатите возила се од други брендови, меѓу кои Dacia, Lada и Datsun. За споредба, Volkswagen Group, ја заврши 2017 година со резултат од 10, 530 милиони продажби. На трето место е Toyota Motors со 10,2 милиони возила.

Renault-Nissan-Mitsubishi

За производителите е особено важно да се зголеми обемот на продажбата, бидејќи така постигнуваат заштеди од трошоците за нови инвестиции, потребни за развој на автомобилската технологија на новите генерации, вклучувајќи автономни автомобили, електрични возила и нови услуги за мобилност. Токму заради ова Renault-Nissan го купија Mitsubishi. Главниот извршен директор на Алијансата, Карлос Гон, веќе најави дека ќе гi удвои заштедените средства до 10 милијарди eвра во 2020 година, а истовремено ќе се зголеми годишната продажба на 14 милиони нови автомобили.

Производителите во француско-јапонската група користат заеднички технологии, платформи и компоненти за постигнување на пониска цена. Истото го прави и Volkswagen, а сега кон таков пристап се ориентира и Toyota, која почнува да разменува технологии и да соработува активно со Mazda и Suzuki, претежно во развојот на електрични возила.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close