fbpx

Renault со нов кросовер

Renault ја објави првата скица на својот целосно нов автомобил кој ќе биде демонстриран за прв пат за време на меѓународниот салон во Москва

Во моментов од Renault не нудат детали за својот нов автомобил, само споделуваат дека тој ќе биде кросовер од С-сегмент и дека првите клиенти кои ќе можат да го купат ќе бидат оние во Русија. Од Renault потенцираат и на тоа дека новиот модел, кој ќе се произведува на локално ниво, ќе биде вистински пробив на пазарот на SUV автомобили во Русија и ќе ја зајакне дополнително лидерската позиција на ова поле на брендот во земјата.

 

Поврзани вести

Back to top button