fbpx

Renault ги објави цената и спецификациите за Captur PHEV E-TECH

Renault најави plug-in хибридна верзија на Captur при претставувањето на втората генерација на моделот минатата година

Renault ги најави хибридните Captur и Clio претходно оваа година, а сега двата модели се достапни за нарачка. Двата модели се првите од последната E-Tech електрифицираната понуда на компанијата. Фабриката на Renault во шпански Ваљадолид пред неколку дена започна со производството на Renault Captur E-Tech моделот кој наскоро ќе се најде и во продажба.

Францускиот производител Renault конечно објави нови информации кои се однесуваат на plug-in хибридната верзија на Captur. Новиот Captur е поставен на нова платформа, која на Renault му овозможува во понудата да вклучи и хибрид, кој истовремено ќе претставува и најмоќниот коросовер на францускиот производител досега.

Plug-in хибридниот систем кај новиот Renault Cаptur е составен од 1,6-литарски бензинец засилен со батерија од 9,8 kW и два електромотори. Комбинираната моќност на ваквиот погонски склоп изнесува 160 КС. Тоа е значително повеќе од актуелната најмоќна верзија на Captur, TCe 130 GPF. Батеријата на овој plug-in хибрид може да акумулира доволно електрицитет за чисто електрична автономија на движење на автомобилот до 48 километри при брзина од 135 километри на час. Спринтот од нула до „стотка“ во овој режим изнесува 10,1 секунда. Renault Captur пристигнува со неколку режими на возење. Вклучително и режим кој ја зачувува батеријата за подоцнежно користење при патувањата. Тука е и Sport режимот кој ги користи двата извори на моќност за побрза респонзивност. Французите тврдат и дека хибридниот SUV емитува само 34 грама CO2 по минат километар. Потрошувачката на гориво е само 1,5 литри на 100 километри.

Renault Captur PHEV E-Tech ќе биде достапен за продажба во септември, а цената за овој модел во Велика Британија ќе стартува од 30.495 фунти. Покрај ова, Renault исто така најави лансирање и на хибридна верзија на новиот Clio. Тука станува збор за 1,6-литарски бензинец во комбинација со стартер-генератор. Со 140 КС, ова ќе претставува најмоќното Clio. Цената на овој модел ќе стартува од 19.595 фунти. Нарачките за двата модели се отворени.

Поврзани вести

Back to top button