ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Renault планира 21 нов модел и приходи од 70 милијарди долари

Renault го објави својот нов стратешки план за следните 6 години, наречен Drive the Future, со кој планира да развие 21 нов модел

На крајот на овој период, приходите на францускиот производител треба да бидат над 70 милијарди долари.

Овој резултат треба да се постигне благодарение на проширувањето на моделската гама. Французите планираат да направат 8 електрични модели и 13 хибриди. Вкупно 15 од новите машини ќе бидат опремени со автономни системи за контрола.

Renault

Планот на Renault исто така, предвидува засилен влез на пазарот во Русија, со сериозни инвестиции во фабриката на АвтоВАЗ. Очекувањата се дека по 6 години продажбата на брендот ќе се зголеми за 40% и ќе достигне 5 милиони единици годишно. Оваа бројка вклучува производство на руската компанија.
Renault
Покрај тоа, Renault ќе го забрза својот развој во Кина, проширувајќи ги производните капацитети и зголемувајки го своето присуство во Бразил, Индија и Иран. Французите подготвуваат нови работилници – интернет и робот такси. Вкупно 16 милијарди евра ќе бидат инвестирани во истражувањето, а 80% од моделите на брендот ќе одат на заеднички платформи.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close