fbpx

Renault ги покажа способностите на Megane RS

Компанијата Renault објави видео во кое ги претстави можностите на новата генерација на хечбекот Megane RS

Официјалната премиера на моделот се одржа за време на автосалонот во Франкфурт во септември, а сега производителот одлучи да открие како е создадено возилото, какви технологии се користат во него и со какви можности располага. Како што е познато, Megane RS е опремен со 1.8- литарски бензински турбо мотор, чија моќноста е 276 КС, а максималниот вртежен момент достигнува 390 Nm.

Тој работи во комбинација со 6- брзински мануелен менувач или со автоматски менувач со ист број брзини. Во најскоро време Megane RS ќе се обиде да постави рекорд меѓу автомобилите од оваа класа на патеката Нирбургринг. Во моментов најдобро достигнување има Honda Civic Type R, но Французите веруваат дека ќе успеат да го подобрат.

Поврзани вести

Back to top button