Викенд тарифа: Rimac C_Two е опасна електрична дрифтинг машина

Rimac C_Two полека се наближува кон производството, а компанијата објави ново тизер видео со кое покажува дека моделот ќе биде навистина уживање да се вози

Во ова видео, тимот на Rimac се осврнува на развојот и управливоста на автомобилот. Основачот и прв човек на Rimac Automobili, Мате Римац, јасно посочува дека „автомобилот мора да дрифта“, а тест возачот Мирослав Зрнчевиќ покажа колку добри перформанси има автомобилот во свиоците.

Инаку, поради пандемијата на коронавирусот, Rimac го одложи лансирањето на својот автомобил за 2021 година. Сепак, финалниот дизајн и името на моделот ќе бидат откриени кон крајот на оваа година.

Поврзани вести

Back to top button