fbpx

Rimac ќе работи на свој втор модел

Хрватската компанија Rimac обезбеди нова инвестиција од 36 милиони долари, па сосема е веројатно дека наскоро ќе понуди уште еден модел на пазарот

Rimac ја стекна светската слава со лансирањето на електричниот автомобил Concept_One во 2013 година. Станува збор за електромобил со моќност од 1073 коњски сили, кој забрзува од 0 до 96 km/h за 2,8 секунди и максимална брзина која е ограничена на 355 km/h. Rimac постои осум години и до сега се продадени осум изданија од Concept_One, вклучувајки и оној со кој се крена многу прав во светаката јавност, на  Ричард Хамонд, кој во Швајцарија имаше инцидент, а автомобилот беше целосно уништен.
Rimac
Сега, како велат вестите од Хрватска, компанијата обезбеди нова инвестиција од 36 милиони долари, па во Rimac тргнуваат со своите амбиции, создавање на нов модел. Парите доаѓаат од Групација со седиште во Шангај, а станува збор за најголемиот производител на батерии во цела Азија. Исто како Concept_One, новиот модел на Rimac ќе е целосно електричен и ќе биде наменет за горниот сегмент во луксузната класа, но се уште не се знае дали станува збор за спортско купе, класичен седан или SUV. Претходно оваа година, компанијата потврди дека новиот модел би бил помоќен од Concept_One.

Поврзани вести

Back to top button