РКЕ ги поскапува горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за поскапување на малопродажните цени на горивата во нашата земја која стапува на сила од вечерва на полноќ
РКЕ донесе одлука со која се зголемува цената на нафтените деривати во земјава за просек од 1,42 проценти, во однос на цените кои беа утврдени со одлуката од минатата недела.
Со најновата одлука, малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се покажуваат за половина денар по литар гориво. Иста е ситуацијата и кај Еуродизел.
Според ова, од ноќеска на полноќ литар гориво Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 59,50 денари по литар, Еуросупер БС-98 ќе чини 61,50 денари за литар, додека Еуродизел ќе се точи по цена од 50,50 денари по литар гориво.
Од РКЕ истакнуваат дека Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 2,145%, додека кај
дизелот зголемување во просек за околу 5,395%.