fbpx

Rolls-Royce Ghost доби своја Black Badge верзија

Во 2016 година Rolls-Royce започна да прави напори за да ги привлече помладите клиенти со новиот Black Badge подбренд, a Ghost сега ја доби втората ваква верзија

Rolls-Royce направи полн погодок кога во 2016 година започна да додава Black Badge верзија на своите модели. Пет години подоцна, Black Badge производите сочинуваат еден во секој четврти Rolls-Royce продаден, а Ghost, кој сега е во својата втора генерација, уште еднаш го добива овој специјален третман.

Од компанијата велат дека Ghost Black Badge е дизајниран да ги привлече клиентите кои сакаат нешто дискретно и ослободено од излишен дизајн. И без оглед на тоа колку автомобил со ваков карактеристичен изглед и Rolls-Royce беџ не може да биде дискретен, овој третман го носи токму тоа. Купувачите можат да бираат меѓу 44.000 постоечки бои, или да си изберат своја, но повеќето купувачи се одлучуваат за карактеристичната црна боја.

Rolls-Royce тврди дека оваа нијанса на црна е најтемната црна боја достапна на продукциски автомобил, сочинета од 45 килограми фарба, која е атомизирана и аплицирана на електростатичката каросерија пред да биде прекриена со два проѕирни слоја и исполирана рачно. Целиот процес трае до пет часа.

Маскотата Spirit of Ecstasy, решетката и осветлувањето во ентериерот добиваат темен финиш, 21-инчните тркала се креирани од 44 слоја на карбон, а во повеќе наврати се среќава и симболот Leminscate на Black Badge, вклучително и на осветлениот преден дел, каде се појавува веднаш до 850 ѕвезди кои се достапни само во темница.

Rolls-Royce Ghost Black Badge

Black Badge Ghost добива многу повеќе од само луксузен трим и боја. Алуминиумската рамка од каросеријата е поставена на поголеми воздушни опруги, а 6,75-литарскиот битурбо V12 мотор е тјуниран да произведе дополнителни 30 КС и 50 Nm. Вкупната моќност од 599 КС е всушност 12 КС помалку од Black Badge Ghost од 2016, но максималниот вртежен момент е зголемен од 839 на 900 Nm.

Цената на Rolls-Royce Ghost Black Badge стартува од 249.500 фунти во Велика Британија.

Поврзани вести

Back to top button