fbpx

Rolls-Royce го најави новиот Ghost

Луксузниот британски бренд Rolls-Royce го најави новото издание на својот автомобил под името Ghost

Торстен Милнер Отвос, шефот на компанијата Rolls-Royce, испрати отворено писмо до медиумите во кое истакнува дека моделот Ghost ќе биде „најчистиот“ израз на нивната компанија. „Ghost е најчистиот израз на Rolls-Royce досега. Тоа ги пренасочува моделите на нашиот бренд во преубав, минималистички, но мошне сложен производ кој совршено се поклопува со потребите на нашите клиенти и, верувам, совршено во согласност со времето во кое живееме“.

Милер Отвос исто така изјави дека истражувањето на компанијата покажало дека трендот одразува пошироко движење меѓу луксузните купувачи кон она што Rolls-Royce го нарекува Post Opulence и покажува изразена наклоност кон луксузни предмети кои се минималистички и суптилни. Тие бараат чистотија на дизајнот со одбивање на очигледните и непотребни разубавувања и отворени компликации. Со цел да го пополнат овој минимализам, на клиентите на Ghost им е потребна иновативна, но технологија без напори и реална инженерска супстанца во нивниот автомобил.

Новиот Ghost ќе биде поставен на нова платформа која ќе ја дели со BMW Серија 7, а како што вели првиот човек на компанијата, единствената компонента пренесена од успешниот оригинал на Ghost е „фигурата духот на екстазата (Spirit of Ecstasy) и чадорите“.

Ghost

Ghost ќе биде лансиран на дигитален настан подоцна оваа година, за кој е напишано дека ќе му претходи низа од четири аномации кои ќе дадат понатамошен увид во сето она за што зборувал.

Поврзани вести

Back to top button