Rolls-Royce ја освежи својата Black Badge колекција
Rolls-Royce подготви мало освежување за своите Black Badge модели со нова палета на бои, со што сега тие се уште поатрактивни од претходно
По успешната Pastel колекција која беше претставена минатата година, Rolls-Royce одлучи да испроба бои кои се посоодветни за 2020 година за Black Badge колекцијата, лансирајќи ја оваа Neon Nights ограничена серија на бои, инспирирана од егзотични растенија и животни.
Купувачите можат да купат Neon Nights верзии на Dawn, Wraith и Cullinan Black Badge модели, кои пристигнуваат со овие неонски бои.
Иако колекцијата првично беше направена за купувачите во САД, производителот реши да подготви три понатамошни итерации од секоја боја на глобално ниво, што значи дека постојат само четири автомобили со една боја за целиот свет.
„Neon Nights е една вибрантна трилогија на Rolls-Royce Black Badges колекцијата, чија инспирација доаѓа од природата. Ново развиените специјални бои се аплицирани на Black Badge варијантите на Wraith, Dawn и Cullinan“, изјави bespoke дизајнерот на Rolls-Royce, Семи Култас.
„Влечејќи инспирација од природниот свет, вклучително австралиската зелена жаба, хавајското цветно дрво и егзотичната пеперутка, овие ограничени верзии ги прикажуваат Black Badge варијантите во похрабро издание кога станува збор за бојата, наменети за оние кои навистина сакаат да бидат поинакви“.
Wraith Black Badge е финиширан во Lime Rock зелена боја, а ентериерот е обложен со Scivaro Grey кожа, со Lime Rock зелени акценти. Dawn Black Badge се одликува со Eagle Rock Red, исто како и цвеќињата на Ohi’a Iehua, дрво кое е карактеристично за Хаваи. Ентериерот е финиширан во Selby Grey кожа со Koi Red акценти.
Кога станува збор за Cullinan моделот, тој пристигнува Mirabeau син финиш на надворешноста и Arctic White кожа во внатрешноста, со некои Lime Rock зелени акценти присутни за дополнителен контраст. Тука, дизајнерите добиле инспирација од Rhetus Periander, егзотичен вид на пеперутка.
„Кај сите три автомобили, Technicak Fibre предницата е обложена со спектакуларна графика. Ефектите на бојата овозможуваат интензивен неонски сјај и го прикажуваат извртувањето на вештачкото светло со брзината“.