fbpx

Rolls-Royce направи вистински рендери од детски цртежи

Rolls-Royce успеа да привлече повеќе од 5.000 дечиња да ги испратат своите цртежи во автомобилскиот производител како дел од Young Designer Competition

Британскиот производител Rolls-Royce со својот Young Designer Competition успеа да го привлече вниманието на голем број дечиња кои можеби сонуваат еден ден да станат автомобилски дизајнери. Во ова „натпреварување“, немаше еден единствен победник, туку повеќе победници во различни категории.

Натпреварувањето немаше никакви стриктни правила, што значеше дека дечињата можеа да ја ослободат својата фантазија, а тоа со сигурност и го направија. Натпреварувањето беше лансирано во април за време на карантините, а меѓу цртежите се најдоа дизајни инспирирани од еднорози, желки, вселенски патувања, египетските пирамиди и што ли уште не…

Bluebird II од Ченјанг (13 години, Кина) победи во Tech категоријата, Capsule од Саја (6 години, Јапонија) победи во Environment категоријата, додека Turtle Car од Флоријан (16 години, Франција) ја освои првата награда во Fantasу категоријата. Од друга страна, Glow од Лена (11 години, Унгарија) ја освои Fun категоријата. Како награда, овие дечиња добија шофер кој ќе ги вози до училиште со нивниот најдобар пријател во Rolls-Royce автомобил

„Во мое и во име на секого од Rolls-Royce, сакам да се заблагодарам на секој млад дизајнер кој влезе во натпреварувањето, за секоја помисла, напорна работа и креативност која е вложена во нивните дизајни. Има некои сериозни таленти и не би бил изненаден ако некој од овие дечиња кои учествуваа, утре станат автомобилски дизајнери – можеби дури и во Rolls-Royce“, изјави извршниот директор на компанијата, Торстен Милер – Отвос.

Најинтересно од се е што Rolls-Royce на крајот ги зеде овие цртежи и ги направи во уште поевокативни дизајни.

Поврзани вести

Back to top button