ВИДЕО

Новиот Rolls-Royce Phantom

Нова и со околу 30% поцврста алуминиумски просторна структура, високо рамниште на луксуз во екстериерот и ентериерот, високо технолошко ниво... новиот Rolls- Royce Phantom има сè

Нова и со околу 30% поцврста алуминиумски просторна структура, високо рамниште на луксуз во екстериерот и ентериерот, високо технолошко ниво… новиот Rolls- Royce Phantom има сè, што го претвора во најдоброто сериско возило на светот. Од Rolls-Royce коментираат дека за разлика од другите т.н. производители на луксузни автомобили, кои се обидуваат да остварат заштеди со позајмени платформи од други марки, осмата генерација на легендата Phantom е реализирана преку интересна стратегија.

Rolls- Royce Phantom

Базата кај неа е потпирање на долгогодишно партнерство со мали семејни производители, кои се фокусираат целосно на соработката со легендарната марка, гарантирајќи секогаш најдобар можен квалитет на производството.

Целосно новата адаптивна воздушна суспензија на Phantom ќе понуди најдобро однесување на патот во својата класа, а за таа цел се потпира и на посебна стерео-камера која го скенира патот напред и прави промена со подесувањата на суспензијата на основа на собраните податоци за постигнување на најдобро можна непреченото движење при брзини до 100 km/h.

За постигнување на врвни перформанси, Rolls-Royce Phantom е дизајниран со идејата да биде и најтивок автомобил во светот. За таа цел е поставена 6-милиметарска изолација по целата изведба со вкупна тежина над 130 килограми.

Дури и гумите на автомобилот се со подобрена звучна изолација преку воведувањето на посебна пена во внатрешноста. Заедно со беспрекорната изработка на ентериерот, новиот Rolls-Royce Phantom ветува и едни од најимпресивните иновации во однос на нивото на удобност, како систем за загревање на лактите на вратите… Погонот на новиот Rolls-Royce Phantom, кој ќе се нуди и во долга верзија, е доверен на нов 6.75-литарски V12-цилиндерски мотор, кој генерира моќност од 563 коњски сили и максимален вртежен момент од Nm. Менувачот на новиот предводник е роботизирана осумстепена ZF изведба.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close