fbpx

Rolls-Royce со ново анимирано видео за Ghost наменето за акустиката

Rolls-Royce продолжува со подготовките за лансирањето на новата генерација на Ghost кое е закажано за подоцна во текот на оваа година

Британската компанија на интересен начин ја започна кампањата за новата генерација на својот модел, објавувајќи анимирани видеа. Но, освен тоа, Rolls-Royce објави и нови детали за Ghost кои пред сѐ се однесуваат на комфорните карактеристики на автомобилот, односно на комплетното „спокојство и ведрина“ во кабината.

За да се осигураат дека нема да има несакани звуци кои произлегуваат од 6,75-литарски V12 мотор, тимот во Rolls-Royce задолжен за акустиката инсталираше двојна преграда со цел да се одвои пределот на моторот од остатокот на ентериерот. Празнините во покривот, подот и вратите се исполнети со повеќе од 100 килограми материјали кои го апсорбираат звукот.

Како додаток на тоа, прозорци со двојна глазура и јасен композитен центар се користени на автомобилот, како и специјални гуми со лесна акустична изолациска пена. Но, пред се, алуминиумската основа на автомобилот придонесува за потивка околина и удобност во кабината при возењето.

„Неверојатниот акустичен квалитет на новиот Ghost е резултат на неверојатни инженерски развои и огромно внимание на деталите, но сето тоа е поддржано благодарение на алуминиумската архитектура на брендот. Едноставно не постои начин да се креира толку фина акустична околина користејќи челична платформа“, изјави Том Дејвис-Ризон, шефот на тимот за акустично инженерство.

Но, некои звуци сепак се посакувани. Имено, за време на раните тестови, акустичниот тим открил дека целосната тишина креира мошне неприродно чувство и поради тоа решија да генерираат „шепот“ – „мек звук кој клиентите го доживуваат како суптилна нота“, како што опишуваат од Rolls-Royce.

Новиот Ghost е целосно нов модел изграден од „темел“. Со својот претходник го споделува само познатиот Spirit of Ecstasy амблем и чадорите кои се поставени во вратите, а се друго е сосема ново.

Поврзани вести

Back to top button