fbpx

Роналдо е еден од десетте сопственици на Bugatti Centodieci

Португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо и првотимец на италијанскиот шампион Јувентус, се поднови со најскапоцениот автомобил на светот Bugatti Centodieci

Кристијано Роналдо неодамна со својот клуб Јувентус ја освои својата втора шампионска титула во низа, вкупно деветта по ред за италијанскиот шампион, односно 36-та во историјата. По тој повод, Португалецот се почасти со Bugatti Centodieci, кој инаку е планиран да се произведе во серија од само десет примероци. Цената на еден примерок на моделот Bugatti La Voiture Noire или Centodieci е некаде околу 8,5 милиони евра.

Инаку, Centodieci беше претставен минатата година на 110-тиот роденден на Еторе Бугати. Моделот е инспириран од EB110 и е базиран на моделот Chiron. Но, истиот е 20 килограми полесен и нешто помоќен. Пред се, благодарение на 8,0-литарскиот quad-turbo W16 мотор кој испорачува 1.600 КС, или точно 100 КС повеќе од Chiron. Благодарение на тоа, Bugatti Centodieci може да забрза од 0 до 100 километри на час за 2,4 секунди. Максималната брзина е електронски ограничена на 380 km/h.

Целосниот текст, заедно со фотографиите можете да ги погледнете на Машки Магазин (кликни ТУКА).

Поврзани вести

Back to top button