ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Рускиот пазар на автомобили со импресивен раст во јануари

Здружението AEB Automobile Manufacturers Committee (AEB AMC) објави дека продажбата на нови автомобили во Русија во првиот месец на 2018 се подобри за неверојатни 31.3% во споредба со јануари минатата година и достигна ниво од 102.464 единици (+24.428 автомобили)

јануариНајдобро продаваше во јануари Lada, со достигнувањето на брендот од 21.005 единици или 29% повеќе од истиот месец минатата година. На второ место со позитива од 49%, или 15.310 возила рангирана е Kia, додека Hyundai е трет со зголемување од 31%, или 8.752 единици. Во Топ 10 на најдобро пласираните во текот на првиот месец од годинава се Renault (+ 51%, 7.880), VW (+ 22%, 5.593), Nissan (+ 27%, 5.376), Toyota (+ 34%, 5,151), Skoda (+ 26%, 4.501), Ford (+ 39%, 3.132) и GAZ (+ 12%, 2.574).

Најдобро продаваниот автомобил во Русија во јануари бил Lada Vesta (6.696 возила, 4.088 во 2017).

Потоа се подредуваат KIA Rio (6.582/5.693), Lada Granta (5.315/4.624), Hyundai Creta (3.833/2.565) VW Polo (3.209/2.550), Kia Sportage (3.067/1.565), Hyundai Solaris (2.987/2.886), Renault Duster (2.510/1.848), Skoda Rapid (2.298/1.981) и Lada Largus (2.268/1.562).

Клучни зборови

Поврзани вести

Close