fbpx

S580e е првиот plug-in хибрид на Maybach

Mercedes-Maybach S580e е првиот plug-in хибриден модел на луксузната дивизија, кој нуди електричен опсег од 100 километри

Mercedes-Maybach S580e е првиот plug-in хибриден модел на марката. Производителот на автомобили веќе нуди верзија која не е „Maybach“, која дебитираше во 2020 година. Првиот plug-in хибрид со значката на Maybach најпрво ќе биде лансиран во Кина. Лансирања во Тајланд, Европа, а потоа ќе следат и други земји.

Во срцето на plug-in хибридот е шестцилиндричниот 3,0-литарски бензински мотор на Mercedes. Тој сам произведува 367 КС и 500 Nm вртежен момент. Од друга страна, електричниот мотор произведува 150 КС 440 Nm вртежен момент. Благодарение на ова, комбинираната системска моќ изнесува 510 КС и 750 Nm, исто како и кај Mercedes-Benz S580e. Mercedes вели дека Maybach S580e може да забрза од место до „стотка“ за 5,1 секунди и да достигне максимална брзина од 250 км на час. Максималната брзина на автомобилот во електричен режим е многу помала со 140 км на час.

Електричен опсег на движење од 100 километри

Maybach стандардно доаѓа со полнач од 11 киловати, но достапна опција е и 60-kW DC полнач. Целосно празната батерија приклучокот од 60 kW може да ја наполни за околу 30 минути. Mercedes-Maybach не ја откри големината на батеријата, но знаеме дека Mercedes-Benz S580e располага со батерија од 28,0 kWh, повеќе од двапати поголема од plug-in хибридот што го замени. Maybach има автономија и до 100 километри исклучиво на електрична енергија според WLTP циклусот, исто како и верзијата на Benz.

Maybach дискретно интегрираше многу од електричните специфични карактеристики во возилото. Компанијата го сокри отворот на приклучокот за полнач на левата страна, додека сините акценти на фаровите укажуваат на неговиот електрифициран статус. Внатре, Maybach го додаде индикаторот за состојбата на полнење на батеријата на таблата со инструменти.

Mercedes-Maybach не даде детали или откри какви било други значајни промени што ги направил на моделот за варијантата со plug-in, но нема дилеми дека биде полн со раскош, луксуз и технологија, исто како и остатокот од поставата на Maybach. Компанијата не објави кога ќе излезе на продажба или нејзината цена, но тие информации треба да пристигнат пред моделот да се појави во изложбените салони.

Поврзани вести

Back to top button