Саемот во Франкфурт заминува во историјата, VDA го сели во друг град

Саемот за автомобили во Франкфурт заминува во историјата, а на негово место би можеле да добиеме салон во Берлин, Минхен и Хамбург

Се повеќе компании ги заобиколуваат големите авто-салони, а ударите од тој вид ги доживеа и IAA во Франкфурт. Verband der Automobilindustrie (VDA) телото кое организатор на манифестацијата, соопшти дека Франкфурт нема да биде домаќин на саемот кој е закажан за септември 2021 година.

Големите автомобилски компании полека се откажуваат бидејќи немаат бенефиции од огромните финансии кои ги вложуваат за своите претставувања и прес-конференции кои ги одржуваат на саемите, а притоа посетеноста е се помала. Малите бројки го погодија и Франкфурт, поради што се поизвесно е дека International Automobile Exhibition (IAA) веќе нема да се одржува во овој град.

Наместо тоа, VDA размислува истиот да го префрли во друг германски град, а ќе се избира меѓу Берлин, Минхен и Хамбург. Еден од овие три града ќе биде домаќин на манифестацијата во 2021 година, а одлуката би требало да биде донесена во следните недели, колку што ќе траат преговорите. Седум градови ги претставија своите концепти и идеи, бидејќи пријави поднесоа и Келн, Штутгарт и Хановер. VDA соопшти дека секој од градовите има креативни идеи, како и дека трката е навистина тесна. Следниот IAA би можел повеќе да се фокусира на мобилноста.

Овие вести секако не се пријатни за Франкфурт, кој решиси 70 години беше домаќин на еден од најпознатите автомобилски салони на светот. Како што е познато, градот на Мајна е финансиски центар на Германија, како и Европската централна банка. VDA му се заблагодари на Франкфурт за долгото, мошне добро и доверливо партнерство.

За среќа, IAA нема да престане со своето постоење. Индикативно е дека времињата се менуваат, дека на организаторите им е се потешко да привлечат посетители, додека производителите еден по еден го откажуваат своето учество.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close