fbpx

Саемот во Пекинг одложен за септември

Организаторите на Салонот за автомобили во Пекинг објавија дека оваа автомобилска манифестација е одложена поради пандемијата на коронавирусот

Меѓународниот Салон за автомобили во Пекинг требаше да се одржи на 21 април и да трае до 30 април, но поради пандемијата на новиот коронавирус, манифестацијата е одложена и ќе се одржи на 26 септември и ќе трае до 5 октомври. Ваква одлука донесоа и голем број други организатори на големи настани.

Салонот за автомобили во Женева е откажан, исто така и автомобилската манифестација во Детроит, со цел болницата да биде претворена во привремена болница, Салонот во Париз исто така нема да се одржи во својата традиционална форма, но ќе добие поинаков облик. Здравствените причини не се единствени за откажувањето или одложувањето на автомобилските настани, туку и оние економските кои веќе подолго време се чувствуваат во автомобилската индустрија кога станува збор за саемите, поради што производителите се почесто се потпираат на интернет презентации.

Она што е интересно е дека Салонот за автомобили во Пекинг ќе се одржи речиси во истиот термин во кој требаше да се одржи и Салонот во Париз. Со развојот на кинеската автомобилска индустрија, Салонот за автомобили во Пекинг доби на значење и стана еден од најважните на светот. Не само што производителите од матичната земја очекувано земаат учество, туку и европските брендови се повеќе го прифаќаат повикот токму на овој настан да ги промовираат своите новитети.

Останува да се надеваме дека Салонот ќе се одржи и дека нема да дојде до негово откажување. Причини за евентуално такво сценарио би биле од економска природа, односно поради намалениот маркетинг буџет кај производителите како последица на коронавирусот, но и евентуален нов бран на епидемија.

Поврзани вести

Back to top button