НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Saleen со нов спортски модел со мотор од Focus RS

На почетокот на векот, американскиот бренд Saleen, се здоби со светска слава со својот супер спортски автомобил S7 од 2000 година

Креацијата на основачот и тогашен извршен директор на компанијата, Стив Салин излезе на пазарот со V8 мотор со две турбини.

Моделот имаше моќност од 750 коњски сили во најмоќната верзија и максимална брзина од 399 km/h. Производството на S7 беше завршено во 2009 година и неговиот наследник SS5 Raptor никогаш не стигна до сериска верзија. Но, сега Saleen се враќа, компанијата веќе има кинески партнер, а подоцна овој месец ќе го претстави новиот модел на изложбата во Лос Анџелес.

Saleen

Според весникот The China Daily, станува збор за S1, како „супер автомобил”, кој ќе биде опремен со 4-цилиндерски мотор од Ford Focus RS. Спортскиот купе ќе биде произведен од Jiangsu Saleen Automotive Technology Co. – заедничкото претпријатие на Saleen и кинескиот партнер на компанијата. Моќта на 2.3-литарскиот мотор ќе биде околу 450 КС и максимален вртежен момент од 576 Nm.

Saleen

Максималната брзина на S1 ќе биде електронски ограничена на 290 km / h, а во 2018 година ќе се очекува електрична верзија на автомобилот. Од компанијата не го потврдиле официјално, но S1 е базиран на Artega GT, чие производство беше прекинато во 2012 година. Новиот Saleen S1 ќе се произведува во Кина во фабриката Jiangsu Rugao и ќе се извезува во САД. Инвестицијата во оваа фабрика изнесуваше 2,68 милијарди долари и ќе биде завршена во 2018 година, со што ќе се произведуваат 150.000 единици годишно. Главниот извршен директор на Jiangsu Rugao, Чарлс Ванг, веќе најави дека таму ќе се произведуваат и  други видови автомобили, вклучувајќи седани, SUV модели и кросовери…

Клучни зборови

Поврзани вести

Close