ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Салонот во Детроит во јуни или октомври?

Организаторите на изложбата во Детроит планираат радикални промени поврзани за тајмингот на одржување на настанот

На 27 јули оваа година, ќе биде објавено кога ќе има нов датум за одржување на салонот од 2020 година, па натаму. Причината за промена на датумот е што салонот се судира со саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас, кој моментално се одржува, исто така како и изложбата во Детроит, во првата недела од јануари.

Во изминатите неколку години, технолошката изложба почна да собира се повеќе и повеќе автомобилски компании, со што ја засени традиционалната изложба во Детроит.

Со цел да се избегне конфликт со CES, NAIAS ќе се пресели во друг месец од годината. Мошне изненадувачки се размислувањата за новиот датум, да биде и во јуни, кога нема никакви други настани од таков калибар насекаде во светот. Исто така, се зборува за промена на името на изложбата, со околу 12 нови предлози кои во моментов се разгледуваат од страна на организаторите.

Детроит

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close